ПИВОДРОМ

За нас

При една посета на Копенхаген, ноември 2016, одбрав посета на микро пивара како една од
многуите туристички атракции на овој град. Како дел од посетата беше и дегустација на
нивното крафт пиво, кое беше најдоброто пиво што го имам пробано дотогаш. Водичот беше
хоумбревер и ме изненади со информацијата дека и самиот дома си прави пиво..

Откако се вратив почнав да истражувам и дознав дека правењето пиво е навистина
интересно, креативно и популарно хоби во многу земји во светот.

Посакав и јас да си направам свое пиво но за жал основните состојки и опрема ги немаше во
Македонија … па морав да се снаоѓам и да барам во странство.

Тоа ми даде идеја да го започнам овој бизнис… и на идните македонски хоумбревери да им
овозможам лесен пристап до суровини, опрема и знаење за уживање во ова интересно хоби.

Ќе се трудиме со најразлични активности, средби, дружења и размена на искуства да ја
подигнеме културата на крафт пивото во Македонија

Предраг Јованчев
Сопственик на ПИВОДРОМ